Melita7Art

Политика за приватност

Последна промена на: 05.02.2023

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната www.melita7art и објаснува како (“www.melita7art.com”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.melita7art.com, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

Мелита7Арт гo задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

2.Безбедност на податоците

3. Пристап и промена на Вашите податоци

4. Социјални мрежи

____________________________________

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

    пристапувате или го користите нашиот сајт;

    се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на www.melita7art.com;

    ги отворате или одговарате на нашите email пораки;

    контактирате со нашата корисничка поддршка

    оставате коментари на сајтот:

    купувате производи или услуги преку нашиот сајт;

    се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас  пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас повратни податоци, барање податоци за нашите услуги,  (“Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

1.1 Формулар „Моја сметка“ и „Најави се“
Доколку сакате да Ви овозможиме онлајн купување на нашите производи, следење на тековните нарачки и увид во претходните нарачки, потребно е да се регистрирате внесувајќи ги следните лични податоци:
    • Име и презиме,
    • Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и поштенска адреса)
    • Поштенски број
    • Град
    • Држава
    • Регион (доколку има поделени зони на испорака)
Кога се регистрирате, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица. Откако еднаш ќе се регистрирате, во иднина е потребно само да се најавите за да можете онлајн да купувате.

1.2  Формулар „Електронски билтен“
Доколку сакате редовно да добивате новости и понуди за нашите производи, внесете:
    • Е – адреса
1.3 Формулар „Контакт“
Доколку сакате да не контактирате и да одговориме на Вашата порака, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
    • име
    • Е-адреса

2. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

3. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Моја сметка”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на [email protected] со email – адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на [email protected] Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.

4. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Google Plus)

www.melita7art.com им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.

Кошничка
small_c_popup.png